Денеска е 3 јануари според стар стил, се слави Св. маченик Гордиј, а именден слават Гордан, Гордана…

Роден е во Кесарија Кападокиска. Беше офицер во римската војска, во времето на царот Ликиниј. Но, кога настана страшно гонење на христијаните, ја остави војската и чинот и се оддалечи во Синајската пустина.
Осамен на планината Хорив, времето го поминуваше во молитва и размислување за тајните на небото и земјата. Особено размислуваше за суетата и ништожноста на овој свет, а заради што луѓето се мачат и се борат на земјата, па најпосле посака да умре за да се пресели во непропадливиот живот.

Со таа желба тој слезе во градот во време на некои незнабожечки трки и игри. Му се пријави на градоначалникот како христијанин. Овој залудно го одвраќаше од верата со ласки и со закани.
Гордиј остана непоколеблив и тврд како дијамант и говореше: „Зарем не е безумство со овој пропадлив живот да се купува вечната мака и погибел на душата?“

Осуден на смрт, радосно иташе кон губилиштето и патем им говореше на џелатите за скапоцената Христова наука. Со Исусовото име на усните го предаде своето младо тело на меч, а праведната душа на Бога во 320 година.