Православните христијани денеска го слават Св. Сампсон Странопримец.

Свети Сампсон по потекло е Римјанин, а по занимање лекар, од оние што црквата ги нарекува бесребреници, т.е. што лекуваат без земна плата и со Божјата сила, освен со помош на лекарската вештина.

Тој подоцна од Рим се преселил во Цариград. А таму неговите добри дела набргу ги забележал патријархот, па го ракоположил за свештеник. Кога императорот Јустинијан боледувал од некој неизлечива болест, бил повикан светиот Сампсон, кој го излечил со допир со раката.

Како благодарност Јустинијан подигнал сиропиталиште во кое Сампсон постојано им служел на бедните. Овој свет маж се упокоил во мир во 530 година.

Католиците денеска го одбележуваат Благословени маченици од Дамаск.

Во историјата на христијанството градот Дамаск бил познат по тоа што пред неговите врати се обратил најголемиот мисионер на сите времиња, свети Павле. Во 1860 година во градот фанатиците уништиле 2.400 куќи и ограбиле и убиле 6.000 христијани. Меѓу луѓето имало 30 свештеници и тројца бискупи.