Никола Ќориќ од околијата на Нови Сад стана Инстаграм хит и ја направи својата венчавка незаборавна.
Имено, кога матичарката го праша – дали стапува вo брак по своја слободна волја, тој одговори: „Почекајте, не сум ја прашал мамичка”, што предизвика насмевки и кај невестата и кај гостите.
„Мамичка“, за среќа, веднаш даде благослов па свадбената церемонија продолжи без проблеми.
Видеото имаме дозвола да го прикажеме, оти младоженецот веќе ја прашал мамичка за тоа.