Претседателот на Финска Саули Нинисте (70) на почетокот на октомври отиде на Саемот на книгата во градот Турку, за да го слушне говорот на неговата сопруга Јени Хауко. Бидејќи немало место тој без проблем си седнал на скалите, а фотографијата од него направена во оваа пригода се прошири на социјалните мрежи и го воодушеви светот.

Инаку, Саули е познат и по тоа што лета со нискобуџетни компании и е навистина природен и приземјен политичар. Избран е за претседател на Финска во 2012 година, a потоа народот повторно го изгласа.

Доаѓа од семејство од средната класа. Татко му работел во локален весник, а мајка му била медицинска сестра.

Првата сопруга на Нинисте му починала во сообраќајна незгода во 1995 година, а во 2003 година тој избегнал смрт откако успеал да се искачи на дрво за време на цунами додека бил на одмор во Тајланд.

Со втората сопруга доби син на почетокот од оваа година на 69 години, а интересот за нивното семејство од страна на финските медиуми е огромен. Парот е во брак од 2009 година, а Џени е 29 години помлада од Саули.