Еден од адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп, Џое ди Џенова вклучен и во настаните околу неговиот импичмент под водство на демократите, на Фокс Њуз го обвини милијардерот Џорџ Сорос дека го контролира Стејт департментот на САД и дека тоа го прави за сопствен интерес.
Зборувајќи со својот домаќин Лу Дабс, Ди Џенова, појасни дека Сорос контролира „многу големи делови“ од Стејт департмент на САД.
Тој го отфрли сведочењето за импичмент на Трамп на високиот дипломат Џорџ Кент со тврдење дека е дел од заговорот на Сорос за преземање на Украина со помош на државата и ФБИ .
„Нема сомнение дека Џорџ Сорос контролира многу голем дел од надворешните дипломати од кариера во Стејт департментот на Соединетите Држави“, изјави Ди Џенова. „Тој ги контролира и активностите на агентите на ФБИ во странство кои работат за „невладини организации“. Тоа беше многу очигледно во Украина. И Кент беше дел од тоа. Тој беше многу голем заштитник на Сорос“, изјави Ди Џенова додавајќи:
„Сорос „ги „расипа“ службениците на ФБИ, тој ги корумпираше службениците за надворешни работи. Во крајна линија, Џорџ Сорос сака да ја води Украина и тој прави се што може за да ја искористи секоја можност што му ја дава владата на Соединетите Држави за да направи тоа да се случува, се разбира, за деловни интереси, а не за интересите на САД“.
Овој разговор предизвика реакција од Соросовите поданици, па така, извесен Џонатан Гренблат, директор на Анти-лаги лигата која, ете, ја имаат Американците (можете да замислите од каде доаѓаат Гебелсовите идеи за контрола на медиумите во Македонија под превезот на лажни вести), истакнал дека Фокс Њуз треба да го забранат емитувањето на ваквите антисемитски изјави во кои се врши повикување на еврејското потекло на Сорос, исто како што сториле минатата година со некоја изјава на нивната ТВ со која бил онвинет Сорос дека го финансира милионското движење на луѓе од Централна и Јужна Америка кон САД.
Инаку Ди Џенова е на возраст од 74 години, а бил државен обвинител на дистриктот Колумбија во времето на Роналд Реган.