Драган Стари ПЕШЕВСКИ

Од лични сведоштва во судница би издвоил две ситуации кои најмногу ми останаа во секавање а во кој главна улога имаше братот Игор Југ.

Првата беше при објавата на пресудата за 27 април кога му беше изречена казна од 12 години затвор од страна на Кацарска. На вакво нешто 90 од луѓето би припаднале во несвест а Игор побара збор. Кога му дозволија да се обрати истиот рече дека се противи на казната од 12 години, рече дека го суделе како човекот што наводно требал да го убие Заев па му е срам како добил “само” 12, а други обвинети добиле по 15 и по 18…

Втората беше кога предметот беше во фаза на испитување сведоци а сведок беше Зоран Заев. На сведочењето истиот рече дека Игор ја држел раката позади како да држи пиштол, сакал да го убие, се приближил на неколку метри од него и се предомислил. Следуваше прашање од Игор зошто се предомислил на што Заев му одговори дека се исплашил… На ова Игор се обрати на судот и побара збор што му беше одобрен. Ке пробам да го парафразирам: Судија поради тоа што сведокот кажа дека сум се исплашил кога сум дошол на неколку метри до него, би ве замолил ако може да не соочите на неколку метри да му покажам колку се плашам… Беше веднаш отстранет од судница.

Човек срце планина, легенда, бестрашен, без влакна на јазик, искрен, патриот до срж. Вечна ти слава Игоре, Македонија многу изгуби!

Игор Југ не дочека да го види светлото на денот, а да не е преку решетки. Неправилно осуден, фамилијарен човек, сопруг татко, мој другар. За нешто што не направил (ова одговорно го тврдам) коските му скапаа по зандани а неговиот цврст карактер и неговата пркос не му дозволија да се помири со неправдата. Државата и политиката го затворија и убија а неговото семејство го оставија на милост и немилост!!За жал не издржа и неговото срце застана утрово… Нека му е лесна земјата и светол патот. Поздрав Игор!