Речиси три години работев во тогашниот Републички завод за информатика кој потоа се спои со Републичкиот комитет за наука, технолошки развој и информатика, посочува Владимир Павлески во допис до КУРИР.
-Комитетот беше сместен во зградата на ул. Бихаќка бр. 10. Таму работев и работи од областа на народната одбрана. Еден период организиравме 24-часовно чување на објектот од страна на вработените, а јас ги организирав дежурствата. Во таа зграда се случуваа следниве работи: 1. На полноќ и една минута нешто чукнуваше и до првите петли се слушаше нешто како тивко шепотење. Немаша други ексцеси; 2. Колешките што дежураа попладне и ноќе се жалеа дека вечерта нешто како да им поминува низ објектот, поради што дежураа само дење; ноќе дежураа колегите; 3. Како кој нов вработен ќе се вработеше во тој објект, за кусо време му починуваше постар член од семејството.
-По преселувањето на Комитетот, всушност по неговото спојување со образованието, дојде – СДС. Ние вработените им укажавме на тоа што се случува во зградата и им предложивме сместување со просториите на тогашниот Републички завод за меѓународна научна и техничка соработка, дотогаш сместен во мезанинот на зграда во Градскиот ѕид, во соседство на тогашната стоковна куќа „Беко“. Не прифатија!!! И еве што им се случува!!!
-Инаку, на таа локација биле старите Градски гробишта кои оттаму се преселени во Бутел. И сега таму останале делови од гробови – надгробни плочи, черепи, коски, … На тоа земјиште е и МВР, Факултетот за физичка култура, а подоцна се изградени и згради за домување. Во еден стан беше сместен и Никола Груевски, пишува Павлески.




