Како што случаите на КОВИД се зголемуваат, а посетеноста на училиштата се намалува, родителите, учениците и наставниците од Њујорк, кои не се согласуваат со учењето со физичко присуство во вакви услови, се огласија на социјалните мрежи.
Објавата на еден ученик на Reddit минатата недела го опишуваше престојот во училиште како „надвор од контрола“, со детали за денот на отсутни наставници и „нефункционално учење“, а училниците ги опишува како место за супер ширење на вирусот.
Еве што напишал ученикот како сведоштво за еден ден во њујоршка гимназија во услови кога омикрон владее:
Би сакал да го проговорам за ова наведувајќи дека учењето од далечина е апсолутно штетно за менталното здравје на мене, моите пријатели и моите врсници во училиштето. И покрај тоа, сегашните услови во училиштата бараат привремено враќање на учењето од далечина; ако не поради јавното здравје, тогаш поради тоа што на овој начин повеќе се губи од учеето, токолку кога е од дома.
Ова е мојата денешна приказна:
– Стигнав на училиште и веднаш отидов во салата. Знаев дека некои од моите наставници ќе отсуствуваат бидејќи тоа го објавија на Google Classroom претходно во текот на денот. Во нашето училиште има табла со список на наставници и седишта за ученици во студиската сала: денес имаше 14 отсутни наставници. Во аудиториумот има 11 делови за седење… во еден дел седнаа ТРИ КЛАСА. Салата за предавања стана место за супер ширење на вирусот.
– Во вториот период имав уште еден отсутен професор. Отприлика во тоа време 25 отсто од децата што ги познавам, вклучително и јас, сфатија дека не се спроведуваат никакви правила… Затоа заминавме – немаше функционално учење во салата, а здравствените услови беа побезбедни надвор од аудиториумот. Беше многу над максималниот капацитет.
– Во третиот период имав нормален час. Ура! Првото нешто што го направи наставникот беше да ни даде тестови за КОВИД бидејќи сите бевме блиски контакти со ученик од нашиот клас кој беше позитивен на КОВИД. Уште четворица наставници во текот на денот заминаа зашто требало дома да се тестираат КОВИД. Училиштето почна да се снемува тестови…
– Со тестовите следи и инструкција да се однесат дома и таму да се тестираме. Да…, но студентите не слушаат. 90 отсто од бањите беа полни со студенти кои ги бришеа носевите и правеа тестови. Едно дете ме праша – патем, со спуштена маска – дали „бледата линија значи позитивен“, трудејќи се да ми го покаже својот позитивен тест за КОВИД. Му реков да оди кај медицинската сестра. Еден ученик бил позитивен ВО АУДИТОРИУМ, а неколку студенти почнале да врескаат и побегнале од него. Сега недостигаа слободни места со оглед на тоа дека во средината на аудиториумот имаше позитивен студент. Тие сега планираат да ги натераат наставниците да се откажат од слободните периоди за да дејствуваат како замени наставници бидејќи гледалиштето едноставно не е доволно безбедно.
– Часовите на кои присуствував беа тивки со мал број присутни. Учениците остануваат дома поради ризикот од КОВИД без да бидат позитивни и на некои од часовите отсуствуваа над 10 ученици.
– Треба да забележам дека буквално ништо не учиме. Поминав околу 3 часа седејќи наоколу и не правејќи ништо.
– Бев позитивен на КОВИД на 14 декември. Во тоа време имало вкупно 6 случаи. До крајот на распустот оваа бројка стигна до 36. До 3 јануари (кога се вративме од распуст) бројките беа до 100 (како што е наведено на училишниот лист на Google). Денес има 226. Ова е околу 10 отсто од моето училиште. Од понеделник, само 30 или нешто повеќе од нив беа пријавени во DOE … што само ми изгледа како небрежност (сакам да истакнам дека не е вината на училиштето е само целосен неуспех на системот).
– 90 отсто од разговорите меѓу учениците се однесуваат на КОВИД. Вирусот целосно го презеде секоја аспект од секојдневниот училишен живот.