Роберт Вељановски, директор на Драмскиот театар во Скопје времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски, на својот ФБ профил се повика на синоќешна изјава на Сашо Тасевски, директор на Драмски по смената на Вељановски, кој кажал дека трпел притисок од шарениот Петрит Сарачини, кој по формирањето на Владата на Заев се вгнезди во Министерството за култура, по секоја цена да најде криминал за Вељановски.
На ова, во коментари на неговиот пост, се надоврза и Јелена Жугиќ која потврди дека ист притисок бил вршен и за нејзиното работење додека беше директор на Театар Комедија во Скопје.