Свештеникот Томас Ешенбахер (53) од Хамелбург во германскиот регион Баварија, нашол многу интересен начин да ги намами машки членови во неговата црковната заедница да посетуваат црква. И самиот голем љубител на виски, свештеник забележал дека приказните за Бог и религијата многу полесно се почнуваат кога во разговорот е вклучено и шкотско виски.
По вискито, според свештеникот, вниманието останува на приказните за Бог и Црквата, па затоа одлучил овој алкохолен пијалок да го искористи како средство за привлекување на сограѓаните на мисите.
Неодамна најави дека ќе организира виски сеанси, а првите 30 места беа распродадени за неколку минути!
Настаните, како што е читање на Библијата, едноставно немаат ефект, но со виски многу полесно доаѓам до верник и кај нив многу поефикасно се будат темите и интересот за Бог и црквата, вели Ешенбахер.
– Времето во кое живееме е пребрзо. Ние постојано се трудиме да ги завршиме сите обврски во осум часа, а често тоа е невозможно. На вискито му требаат најмалку десет години за да биде добро. Така и оваа моја порака не е само краток рок, им порача свештеникот на верниците.
За време на сеансата, свештеникот служи пет видови виски, од кои четири доаѓаат од Шкотска и еден од Баварија. Иако сеансата трае три часа, свештеникот истакнува дека во текот на нив, тој не ги присилува верниците да ја почитуваат верата.
– Никому не му ја буткам Библијата во раце и наредувам дека мора да ја читаат. Оваа моја сесија со виски не е наменета за да ја направи религијата наука, туку да може да се почувствува од длабочината на душата , вели Ешенбахер.Иако доби неколку критики, Томас стана омилен во неговата заедница бар, кај машкиот дел од заедницата.