Светот се наоѓа сред она што веројатно ќе бидат најтоплите 10 години откако се водат податоци (од 1850 година), соопшти Метеоролошката канцеларија.
Тие најавуваат дека температурите во секоја од следните пет години ќе бидат за еден степен повисоки, и можеби и повеќе во споредба со прединдустријализацијата. Постои мала шанса во следните пет години глобалните температури привремено да бидат повисоки и над 1,5 степени годишно.
Тоа се смета за критичен праг за климатските промени.
Доколку тие податоци се според прогнозата, тогаш деценијата 2014 – 2023 ќе биде најтопла во измиантите 150 години водење евиденција за температури.
Метеоролошката канцеларија соопшти дека 2015 година била прва година во која глобалната просечна температура била над еден степен над прединдустриското ниво. Секоја година од тогаш глобалниот просек е близу или над еден степен.