Американскиот претседател Доналд Трамп изрази разбирање за тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека идејата за либерализмот е „изживеана“.
Трамп истакна дека коментaрот на рускиот претседател сигурно е заснован на неговото набљудување на состојбите во градовите како Сан Франциско, Лос Анxелес и други американски градови „раководени од исклучитална група на либерални луѓе“.
Тој додаде дека „тоа што се случува во САД не му дава право на Путин да каже дека кај нас е се одлично“.
Трамп истакна и дека федералната Влада треба понекогаш да интервенира за да ја исправи ситуацијата во низа американски градови.
Рускиот претседател претходно во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјави дека либералната идеја е „изживеана“ и дека противречи на интересите на мнозинството граѓани.