Во Велика Британија повеќе од 7.000 семејства сѐ уште гледаат телевизија на црно-бел телевизор, иако веќе 60-ина години ТВ-програмите се во боја, пишува Би-би-си.

Вториот канал на Би-би-си во 1967 година беше првиот што почна со редовна програма во боја, и тоа со Турнирот на Вимблдон.

На почетокот на овој век имало околу 212.000 Британци сопственици на црно-бели телевизори, а во 2018 има 7.161 лице. Инаку, тие имаат три пати помала претплата од редовната, па плаќаат само 50,5 фунти.

Црно-белите телевизори одамна гии нема во редовна продажба, но можат да се купат на старо или на интернет.