Пасошот на Македонија се наоѓа на 34-то место заедно со Ел Салвадор, Гватемала и Тајван. Македонскиот пасош овозможува непречен влез без виза во 80 држави, додека пак во 50 држави се добива виза по пристигнување.
„Пасспорт индекс“ традиционално ја објави листата со рангирање на сите пасоши по моќност за 2024 година. Ова рангирање на пасоши се води по глобален индекс кој се определува според бројот на земји во кои граѓаните можат да влезат без апликација за виза. Најмоќен пасош во светот го имаат државјаните на ОАЕ кои можат да влезат во 133 земји без визи, и уште 47 земји во кои добиваат виза по пристигнувањето, покривајќи го скоро целиот свет.
Македонскиот пасош се ноаѓа на средина на листата, зад српскиот, а пред албанскиот, турскиот, косовскиот, и оние на БиХ и Црна Гора.
Грција, Словенија, Бугарија и Хрватска како членки на ЕУ се сместени далеку повисоко на пасошката ранг листа, споредбено со балканските држави кои не се во Европската унија.
Втор најмоќен пасош поседува Шпанија, која оваа година ја престигна Германија, додека пасошот на Финска забележа раст и се наоѓа на третото место заедно со со Франција, Германија, Белгија, Италија, Данска, Холандија, Луксембург, Австрија, Португалија, Норвешка, Швајцарија, Грција и Ирска.
Четвртото место го делат Шведска, Полска и Унгарија, а петти се Чешка, Јужна Кореја, Естонија, Хрватска и Словачка.
На шестото место се Јапонија, Словенија, Летонија, Нов Зеланд и Лихтенштајн.
На седмото место се Сингапур, Малта, Обединетото Кралство, Канада, Литванија, Романија, Бугарија и Австралија.
САД и Исланд го делат осмото место на ранг листата.