Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира новиот сој на коронавирусот Омикрон како „многу висок“ глобален ризик.

Во документот објавен денеска СЗО нагласува дека научниците сè уште многу малку знаат како сојот Омикрон ќе влијае на текот на пандемијата.

– Омикрон имаа мутации чиј број е без преседан, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз развојот на пандемијатра. Вкупниот глобален ризик поврзан со Омикрон е исклучително висок, се наведува во извештајот на СЗО.

Проценката на СЗО се заснова, меѓу другото, и на фактот дека Омикрон, кој беше откриен во Јужна Африка, има голем број мутации кои доведоа до поголем ризик од повторени инфекции кај прележаните лица.