Светската ѕвезда Стинг го одложи концертот на арената Филип Втори во Скопје поради настапот на македонскиот ракометен шампион Вардар во фајналфор на Лигата на шампиони овој викенд.
Британскиот музичар Стинг в недела, на 2 јуни има настап во Скопје и тој прифатил концертот да го започне подоцна, во очекување Вардар да игра финале на ЛШ.
Ваква информација синоќа соопшти организаторот на концертот.
– Со огромно задоволство ве информираме дека менаџментот на Стинг покажа огромно разбирање на нашето барање, со желба да го споиме убавото со корисното. Бидејќи постои шанса ракометниот клуб Вардар да игра во финалето на фајнл фор во недела со почеток од 18 часот, првиот настап вечерта на Влатко Стефановски трио ќе почне во 20:30 часот, додека Стинг ќе го видиме на големата сцена во 22:00 часот. На ваков начин сите оние коишто дури и од дома би го гледале ракометниот пренос, би можеле да стигнат навреме и на концерт, соопшти Авалон.
Во полуфиналето, в сабота, во 18 часот Вардар ќе игра противник Барселона.