Цените на нафтата паднаа на светските берзи минатата недела, по тринеделен последователен раст, што се толкува како забавување на економскиот раст што резултира со слабеење на побарувачката за енергетски производи.
На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,6 отсто – на 95,99 долари, додека на американскиот пазар падна уште повеќе – 3,9 отсто, на 88,96 долари, покажуваат извештаите на берзата.
Падот на цените е последица на забавувањето на економскиот раст, поради што паѓа и побарувачката на нафта.
Според податоците објавени минатата недела, залихите на нафта во САД се зголемени за 3,9 милиони барели во претходната недела, што е највисоко ниво од јули 2021 година и го илустрира падот на потрошувачката на гориво во САД.