Италијанската скијачка Софија Гоџа во доминантен стил триумфираше на третиот спуст сезонава во Светскиот куп што денеска се возеше во австрискиот зимски центар Сент Антон.
Гоџа стигна до својата деветта победа во кариерата со предност од 0,96 стотинки пред второпласираната Тамара Типлер од Австрија и 1,04 секунди пред Американката Бризи Џонсон.
Италијанката со денешниот триумф се зацврсти на врвот во поредокот во спуст со 280 од можните 300 бодови, додека водечката во генералниот пласман Петра Влхова од Словачка со денешното 12 место ја зголеми предноста (637 бодови) пред второпласираната Мишел Гисин од Швајцарија (507), која патеката во Сент Антон ја мина како 20-та.
В недела во австрискиот центар на програмата е трката во супервелеслалом.