Американскиот боксер, Флојд Мејведер, е најбогатиот спортист во светот според заработката од 2010 година наваму, објави магазинот „Форбс“.
На второто и третото место зад него се фудбалерите Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Мејведер во оваа деценија заработил 915 милиони долари. Роналдо спечалил 800, а Меси 750 милиони. Во сумата се земаат во предвид парите од платата, награди, премии, бонуси и права за слики. Не се сметаат финансиските приходи кои ги земаат по завршувањето на кариерата.
Меѓу најбогатите десетмина се и Леброн Џејмс, Роџер Федерер, Тајгер Вудс, Фил Микелсен, Мани Пакјао, Кевин Дурант и Луис Хамилтон. Единствената жена во Топ 40 е тенисерката Серена Вилијамс со 215 милиони, што е речиси двојно помалку од 400-те милиони на Формула 1 шампионот Хамилтон кој е десетти