Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, сумирајќи ги резултатите од годината во интервју за клупската прес-служба, истакна дека му било тешко да пронајде нови зборови за да го опише талентот на напаѓачот Лионел Меси.

– Лео е очигледен талент. Тешко е да се каже нешто што не беше споменато порано. Секој ден, во сите аспекти на играта, тој се приближува кон совршенство, изјави Валверде за официјалната веб-страница на Барселона.

Аргентинецот целата своја досегашна професионална кариера ја помина во каталонскиот клуб.