Шестата партија од дуелот за титулата светски шаховски првак меѓу актуелниот шампион Магнус Карлсен и предизвикувачот Јан Непомњашчиј по вистинска драма и невиден маратон од 136 потези заврши со победа на норвешкиот велемајстор, кој со тоа мина во водство во одбрана на титулата со 3.5-2.5.
Иако играше со црните фигури, „Непо“ ја презеде иницијативата и во еден момент можеше да постигне добиена позиција. Меѓутоа погреши што Карлсен го искористи да ја однесе партијата во помирни води.
Предизвикувачот продолжи со непрецизна игра од потег во потег и на крајот Норвежанецот во завршница со топ, коњ и два пешаци против дама забележи победа, која може да се покаже пресудна во борбата за одбрана на титулата.
Денеска на програмата е седмата од предвидените 14 партии во која рускиот предизвикувач ќе ја има предноста од почетен потег.