Македонската кик-боксерка, Марија Димовска освои златен медал на Светското првенство за кадети и јуниори во Будимпешта, Унгарија.
Во големото финале нашата натпреварувачка со резултат 2:1 во лоу кик (млади јуниорки, – 60 кг.) триумфираше против Мија Лијамичев од Израел.
Претходно во полуфиналето Димовска славеше и против Јелена Стојановиќ од Босна и Херцеговина со 3:0.
На ова Светско првенство учествуваат 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од 68 држави. дс
Фото: Фејсбук