Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Во јужните делови облачно со пообилни врнежи. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, особено на запад и североисток.
Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 15 до 22 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 5.
Во Скопје променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
До четврток времето ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд. Најобилни врнежите ќе бидат во јужните и југоисточните делови, каде од целиот бран на повеќе места се очекува да наврнат над 50 л/м2, а локално и над 75 л/2 дожд. Од петок времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура.