Дваесет и седум годишна холандска туристка е пронајдена мртва во хотелска соба во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, В.С., од Кралството Холандија, која била дел од група туристи вчера била пронајдена во хотелската соба.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.