Во неделата претпладне во велешката полиција е пријавено дека во селото Горно Јаболчиште една жена физички нападнала тројца мажи. Веста ја потврди и полицијата.

„На 31 октомври во Полициското одделение Чашка, С. З. (49) од Горно Јаболчиште пријавил дека тој, Х.З. (35) и С.З. (71) биле физички нападнати од Л.З. (44), која притоа употребила и тврд предмет“, соопштија од СВР Велес.