Истражувачкиот тим на Светската здравствена организација (СЗО) кој в четврток ќе пристигне во Кина нема да има задача да вперува прст и да обвинува, туку научниците ќе имаат задача да го посетат Вухан, местото на првото големо ширење на коронавирусот, и да разговараат со кинеските научници кои работат на Ковид-19, наведе СЗО.
Експертите на СЗО додаваат дека нивното внимание првенствено ќе биде насочено кон анализа на настаните за време на кои вирусот се пренесувал од животни на луѓе, а не на тоа што го бараа американскиот претседател Доналд Трамп и некои негови сојузници – официјален Пекинг да се обвини за пандемија на коронавирусот, пренесуваат британските медиуми.