Епидемиите на ендемски болести како што се мајмунска сипаница и ласа треската стануваат се поупорни и почести, предупреди синоќа директор за итни случаи во Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан.
Тој истакна дека климатските промени придонесуваат за брзи промени на временските услови, па животните и луѓето го менуваат своето однесување во потрага по храна, а резултатот е дека се повеќе луѓе заболуваат од болести, што се типични за животните.
– За жал, способноста одредена болест да се интензивира и да продолжи да се шири кај нашата човечка популација е зголемен фактор на ризик и затоа таквите болести стануваат се почести меѓу луѓето, посочи Рајан.