Светската здравствена организација препорачува да се носат маски и дома поради спречување на ширење на зарзата во случаи кога им доаѓаат гости и кога не можат да одржуваат социјална дистанца.
Маските би требало да се носат и во домовите за време на посета ако не сте сигурни дали просторијата била добро проветрена, според новите упатства кои денеска се објавени во Женева.
СЗО претходно се залагаше за носење на маски во просториите каде има гужва. Здравствената организација на ОН сега исто така препорачува поширока употреба на маските во здравствените институции.
Персоналот и останатите вработени кои не се вклучени во болничката нега се ставени на листата на луѓе кои би требало постојано да ги прекриваат носот и устата. Пациентите исто така би требало да ги носат маските во ситуација кога доаѓаат во близок контакт со други лица.
СЗО повтори дека маските често знаат да им дадат на луѓето погрешно чувство на безбедност и заради тоа имаат навика да ги забораваат другите клучни превентивни мерки.