Светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата на Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус и ги повика земјите да истраат во борбата против вирусот од кој починаа повеќе од шест милиони луѓе.

„Сè уште не сме таму, но крајот е на повидок“, рече Тедрос на виртуелна прес-конференција.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 минатата недела беше најмал од март 2020 година, објави СЗО.