Светската здравствена организација (СЗО) нема да ја исполни својата цел за вакцинација на 40 отсто од населението во секоја земја до крајот на годината, а недостатоците во Африка се особено сериозни, за што голем дел од вината се припишува на акумулацијата на вакцините меѓу богатите земји.
Од 194 земји-членки на СЗО, приближно половина нема да ја исполнат целта.
Во околу 40 држави не с имунизирани ниту 10 отсто од населението.
СЗО припиша голем дел од вината на акумулацијата на вакцини, особено меѓу неколкуте богати западни земји кои веќе спроведуваат дополнителни вакцинации.
Повеќе од 8,6 милијарди дози од вакцините против Ковид-19 се администрирани во светот до денеска, но најмногу во побогатите земји кои можат да обезбедат свои договори со производителите на вакцини.
Десетици земји зависат од резервите на Ковакс, програма за дистрибуција на вакцини поддржана од ОН, која има за цел да испорача вакцини во посиромашните земји.
Просперитетните земји беа критикувани дека не прават доволно за да ја поддржат глобалната праведна дистрибуција на вакцини преку Ковакс.
Податоците даваат катастрофална слика. СЗО вели дека околу 171 доза вакцина на 100 жители биле примени во Германија, нешто помалку од 2,7 во Мадагаскар и 0,32 во Демократска Република Конго.