Во некои земји е забележано зголемување на бројот на заразени со коронавирусот по олеснувањето на мерките, што покажува дека пандемијата не е завршена, предупреди денеска Светската здравствена организација.
– Гледаме зголемување на бројот на случаи низ целиот свет, не само во Европа. Кога се олеснуваат мерките за затворање, попушта социјалното дистанцирање, луѓето мислат дека се е готово, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на брифинг во Женева.
Таа предупреди дека не е готово, и оти нема да биде готово сè додека вирусот не се искорени насекаде низ светот.
Харис додаде дека демонстрантите во САД исто така мора да преземат мерки на претпазливост.