Во Северна Кореја не се пријавени случаи на коронавирус, според последниот извештај на Светската здравствена организација.
Досега во таа земја биле тестирани 10.462 лица, а до 29 октомври никој не бил позитивен на коронавирус, а биле идентификувани 5.368 лица осомничени за Ковид-19, од кои осум биле странци, пренесува „Јонхап“.
Северна Кореја тврди дека е држава без коронавирус, меѓутоа таа релативно брзо започна кампања, на самиот почеток на пандемијата, затворајќи ги своите граници и засилувајќи ги карантинските мерки.