Не сум кариерист, на 33 години бев крал во Македонија, но мрачни сили ме оштетија, порача лидерот на ДПА Мендух Тачи од вечерашната конвенција на кандидатите за пратеници на ДПА за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.
На говорницата на која се обрати Тачи беше испишано „Мендух Тачи за вицепремиер“. Тачи ова барање го постави како услов за предизборна коалиција со СДСМ.
Тој упати и порака до лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој изјави дека коалицијата СДСМ и Беса ќе победи и во Тетово:
– Тетово не е Струмица, туку е Албанија – рече Тачи.
За носител на Првата изборна единица на конвенцијата е промовиран Ниметула Демири. Поранешниот пратеник Орхан Ибраими е носител во „двојката“. Сами Рушиди е носител во Третата изборна единица, додека „петката“ ќе ја предводи Васфи Доко.