Претседателот на ДПА, Мендух Тачи изјави дека во последните две години разговарале со лидерот на ДУИ, Али Ахмети за можноста за предизборна коалиција, но соработката траела уште од времето кога „по линија на САД и ЕУ за да ја смениме претходната власт“.

Како што пренесе Либертас, тој во емисија на косовскиа Газета експрес ги открива причините за заедничкиот „Европски фронт“ со Ахмети.

-ДУИ, врз основа на сите анкети, победува. Вториот аспект е дека тие што денес ми се претставуваат како опозиција продолжуваат да бидат лажна опозиција затоа што повеќето беа дел од оваа актуелна влада или дел од овие партии кои се во сегашната коалиција на „Европскиот фронт“. Главната причина за разговор со господинот Ахмети е опасноста од победата на македонската опозиција, да не ги доведе Албанците до можност за распаѓање и тие да ја имаат можност да формираат владино мнозинство со одредени политички групи. Има многу причини, истакнал Тачи.

Според него, соработката меѓу ДПА и ДУИ не е актуелна, туку има своја историја.

-Оваа приказна започнува со договорот од Призрен. Втората соработка е Охридскиот договор. Третиот договор беше кога соработувавме по линија на САД и ЕУ за да ја смениме претходната влада, навел Тачи.

Извор: Либертас