Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол оти Москва во Советот за безбедност на ОН нема да се противи на евентуален договор меѓу Белград и Приштина.
Како што јави Танјуг, повикувајќи се на КТВ, Тачи тврди дека Путин јасно му рекол: „Ние не можеме да бидеме поголеми Срби од Србија“.
Тој наведува дека Путин тоа му го рекол за време на нивната средба во Париз на одбележувањето на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна.