Ричард Гренел, специјалниот претставник на претседателот на САД во дијалогот меѓу Србија и Косово, Доналд Трамп, пред малку објави дека претседателот на Косово, Хашим Тачи, го известил дека го откажал своето патување во Вашингтон, по објавувањето на обвинението од Специјалниот суд за Косово. Средбата во Вашингтон меѓу Тачи и Вучиќ, во рамки на разговорите за решавање на статусот на Косово, требаше да се одржат на 27 јуни.
„Ја почитувам неговата одлука да не присуствува на разговорите додека не се решат правните прашања поврзани со овие обвиненија“, рече Ричард Гренел на Твитер.
Во друг пост на Твитер, Гренел изјави дека ги очекува разговорите што ќе се одржат во сабота меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти.