Премиерот Зоран Заев со оставката придонесе за дестабилизација на земјава, изјави вечерва претседателот на ДПА и коалиционен партнер во Владата, Мендух Тачи на ТВ 21 во емисијата Клик плус.
Тачи рече дека таквото однесување на Заев е несериозно.
Можеби ќе ве интересира
– Сите ние како коалициски партнери имаме договор со Заев. Несериозно е од негова страна. Имаме сериозни предизвици пред нас, а Заев е лидер кој покажа дека може да ги води процесите напред. Да, ние имаме 61 пратеник, но тоа е опасно за државата. Со 61 пратеник е опасно да се води државата. Немаме стабилност. Сега е добро време Заев да направи напори и сериозно да разговара со претставниците на Беса и на Алтернатива. Потребна ни е силна влада. Се подготуваат црни сценарија и затоа е важно да имаме стабилна влада, рече Тачи.
Тој додаде дека Заев не ги почитувал доволно БЕСА и ДПА.
– Ние имаме коалициски договор со СДСМ, а не со ДУИ. Многу од нашите барања кои беа договорени при составувањето на оваа владина коалиција не се реализирани. Но, ние молчевме. Молчевме за да дадеме шанса процесите да одат напред. Но, од БЕСА се налутија, бидејќи не се реализирани многу кадровски ветувања, изјави Тачи.