Документот е од 1944 година, а е испратен од Орме Саргент до Министерството за надворешни работи на Велика Британија и во него се разгледува прашањето, како што се вели за „македонскиот проблем и идејата за Унија меѓу Македонија и Бугарија“.

Всушност станува збор за идејата за федерација меѓу Бугарија и Југославија, што би довелео до обединување на два од трите дела на Македонија, прашање кое веднаш го запалило црвениот аларм во Лондон.

Според извештајот, со ова „Бугарите повторно ќе започнат да ги негуваат т.н. македонски права“, а Тито дава разни интервјуа во кои говори за југословенско-бугарското пријателсво“. „Во Бугарија“, се вели во документот, „македонските пропагандисти се ангажираат во печатот и им е дозволено да одржат средба во Софија на којашто ќе дискутираат за создавање на независна Македонија во рамки на словенска федерација којашто ќе ги содржи Бугарија и останатите југословенски народи. Повторно, постојат приказни за македонски бригади којшто дејствуваат во грчка Македонија.“

Затоа, се сугерира во докуменот, британската влада треба повторно да ја разгледаат „природата на овој стар и тежок проблем на Македонија и нејзината врска со скорешната идеја за словенска федерација којашто ќе ги вклучува Југославија, Бугарија и Македонија. Ќе треба да одлучиме кој став ќе го завземе владата на неговото височество кон него во светло на сегашните британски интереси. Тешко можеме да останеме пасивни и рамнодушни со оглед на нашата политика на издигнување на Грција и поддржување на Турција како балканска сила.“

Битанците всусшност се загрижени дека една федерација меѓу Југославија и Бугарија, би можела да натежне зашто културолошки и расно гравитира кон СССР, а за возврат Москав би ги поддржала апсирациите зе обединување на Македонија, што би ја ослабило Грција која, во тој момент, е во анархична состојба и прилично ослабена, наспроти британската политика на „издигнување на Грција“.

За Британците, македонскиот проблем датира од Берлинскиот конгрес во 1878 година, но сегашната форма ја има добие по Втората балканска војна. Тие го разбработуват и моментот според кој Бугарија се има откажано од „грчка Македонија“, но не и од српскиот дел, како што врпочем е и денес.

„Таканаречениот македонски проблем датира од Берлинскиот Конгрес од 1878 година, но ја има добиено сегашната форма како резултат на Втората Балканска Војна во 1912 година, кога турската територија населена од Словени коишто тврдат дека се Македонци, беше окупирана од Грција и Србија и поделена помеѓу нив, оставајќи на поразената Бугарија само мал дел од таканаречената Македонија, конкретно долината на Струмица и областа Пирин. Грција и Србија се имаат обидено да ја апсорбираат нивната македонска популација. За Грција може да се каже дека тоа го има направено со хеленизација на територијата. Населија Грци донесени од Мала Азија и го претворија словенското мнозинство во малцинство. Србите не беа толку успешни. Тие ги третираа Македонците како сонародници Срби и нивната територија стана “Јужна Србија”. Но населението одби да биде апсорбирано во српската нација и е поттикнувано од Бугарите, којшто прифатија дека “Грчка” Македонија им е надвор од дофат во моменталните околности, но никогаш не го прифатија српското населување“, се вели во дописот на сер Саргент до британското МНР.

Понатаму се истакнува дека секогаш имало некои Словени кои во југословенско-бугарската унија гледале решени за македонскиот проблем. Но, Србите не се воодушевени од таа идеја бидејќи во една таква федерација би ја изгубиле доминатноста која ја имаат во Југославија, а истата идеја не и се допаѓа ниту на Грција зашто со тоа гледа загрозување на нејзината територија. Британците исто така сметаат дека таа федерација би го загрозила мирот, поради погледот на Бугарија кон Западна Тракија и поради фактот што при една таква констелација на односите се наметнува и прашањето за Солун како главен град на Македонија.

„Србија, подоцна Југославија, порано го посакуваше пристаништето Солун коешто ја контролира најбогатата грчка провинција и е витално за грчката економија, додека Бугарија отсекогаш гледала на Солун како можен главен град на голема Македонија. Со унијата помеѓу Бугарија и Југославија, Грција може да биде соочена со додатен притисок за ова витално пристаниште којшто би бил доставен како општ словенски интерес или како задоволување на природните аспирации на автономна Македонија, новоформирана како една од федералните партнери во југословенско-бугарската унија“.

Британската тенденциозност кон Македонија се гледа и во фактот што тие сметаат дека таа, во рамките на Југославија, е создадена за Тито да може да го намали српското влијание во земјата со која раководи:

„Тито и партизанското движење следат многу внимателно испланирана и намерна политика на намалување на српското влијание во Југославија. Тито ги има стиснато Србите во границите на Стара Србија и според одлуките од минатиот ноември  ја има поделено Југославија во автономни единици. Една од нив е отцепена од Србија за да се создаде “Македонија”.

На крај, во документот се поставува прашањето како при тоа, да се заштитат британските интереси, кои не се совпаѓаат со идејата за југословенско-бугарска федерација. Затаа Саргент наведува:

„Конкретниот начин како тоа да се изведе треба добро да се обмисли, но јасно е дека каков и да е потег треба да се превземе во најскоро можно време. Општо земено позицијата што би ја завземале би била дека (а) иако срдечно би прифатиле федерација помеѓу сите балкански држави, сојузнички и непријателски со можно вклучување и на Турција, не можеме да се согласиме со унија или федерација помеѓу Југославија и Бугарија бидејќи би ја нарушила рамнотежата на силата помеѓу балканските држави, бидејќи би ја изолирала Грција и би ја загрозила нејзината позиција како балканска држава, и бидејќи би и овозможило на Бугарија, којашто во двете светски војни и се придружи на Германија против нејзините балкански соседи и против западните демократски сили, да побегне преку овој процес од последиците од нејзините дела со спојување на нејзиниот идентитет кон тој на една од Обединетите Нации; и (б) иако сме спремни неволно да го прифатиме создавањето на македонската држава во идната федерална Југославија, мораме да инсистираме оваа држава да не анектира или побарува било какви територии коишто припаѓаат на Бугарија или Грција, врз основ на тоа што тие територии се “македонски”, се стакнува во докуменот со датум од 30 ноември 1944 година и потпис на О.Г. Саргент.

Еве го впрочем, целиот документ и неговата содржина:

ОВОЈ ДОКУМЕНТ Е СОПСТВЕНОСТ НА ВЛАДАТА НА БРИТАНИЈА

Испечатено за Воениот Кабинет. Декември 1944

________________________________________________________________

ТАЈНА                                                                                                                     Копије Број 63

W.P. (44) 707.

5 декември, 1944.

ВОЕН КАБИНЕТ

МАКЕДОНИЈА

МЕМОРАНДУМ НА ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Испраќам на моите колеги меморандум од Сир Орме Саргент за македонскиот проблем и идејата за унија помеѓу Југославија и Бугарија.

2. Доколку се согласуваат моите колеги, предлагам да ја информираме советската влада за нашите погледи на ова прашање, во контекст на последниот параграф од овој меморандум.

Министерство за надворешни работи, 5 декември, 1944.

______________________________________________

_____________________________________

Само што се исуши мастилото на бугарското примирје, се појавија знаците дека титовите Југословени започнуваат да размислуваат за југословенско-бугарска федерација и дека Бугарите повторно ќе започнат да ги негуваат таканаречените македонски права. Досега нема излезено ништо опипливо или официјално, но јасно е дека се одвиваат голем број на разговори и планирања во крилата. Самиот Тито е предводник во разни интервјуа и говори во коишто особено го истакнува југословенско-бугарското пријателство, а некои од неговите приврзаници одат подалеку и јавно ја побаруваат грчка Македонија за Југославија. Во меѓувреме, бугарскиот печат објавува средба во Белград помеѓу југословенски и и бугарски делегати кадешто идната внатрешна политичка организација на Југославија ќе биде разгледувана, со претпоставка дека ќе биде создадена федерација во којашто ќе влезе и Македонија. Еден од бугарските делегати е член на владата. Во Бугарија, исто така, македонските пропагандисти се ангажираат во печатот и им е дозволено да одржат средба во Софија на којашто ќе дискутираат за создавање на независна Македонија во рамки на словенска федерација којашто ќе ги содржи Бугарија и останатите југословенски народи. Повторно, постојат приказни за македонски бригади којшто дејствуваат во грчка Македонија.

2. Овие активности во моментов може да не се ништо повеќе од занесувања и ситни интриги, но се очигледно поддржани од двете влади. Тие исто така имаат корист од фактот што Грција во моментов е премногу слаба за да ги наметне своите интереси на Балканот. Ако не се следат, тие веројатно ќе прераснат во сериозна агитација којашто, во сегашната анархична состојба на Балканот, можат да излезат од контрола и да предизвикаат директна акција, државен удар и борби.

3. Поради тоа треба повторно да ја разгледаме природата на овој стар и тежок проблем на Македонија и нејзината врска со скорешната идеја за словенска федерација којашто ќе ги вклучува Југославија, Бугарија и Македонија. Ќе треба да одлучиме кој став ќе го завземе владата на неговото височество кон него во светло на сегашните британски интереси. Тешко можеме да останеме пасивни и рамнодушни со оглед на нашата политика на издигнување на Грција и поддржување на Турција како балканска сила.

4. Таканаречениот македонски проблем датира од Берлинскиот Конгрес од 1878 година, но ја има добиено сегашната форма како резултат на Втората Балканска Војна во 1912 година, кога турската територија населена од Словени коишто тврдат дека се Македонци, беше окупирана од Грција и Србија и поделена помеѓу нив, оставајќи на поразената Бугарија само мал дел од таканаречената Македонија, конкретно долината на Струмица и областа Пирин. Грција и Србија се имаат обидено да ја апсорбираат нивната македонска популација. За Грција може да се каже дека тоа го има направено со хеленизација на територијата. Населија Грци донесени од Мала Азија и го претворија словенското мнозинство во малцинство. Србите не беа толку успешни. Тие ги третираа Македонците како сонародници Срби и нивната територија стана “Јужна Србија”. Но населението одби да биде апсорбирано во српската нација и е поттикнувано од Бугарите, којшто прифатија дека “Грчка” Македонија им е надвор од дофат во моменталните околности, но никогаш не го прифатија српското населување. Оваа бугарска Македонија е фокус на терористичка агитација уште од балканските војни, продолжувајќи со варијација во интензитет, со намера на наметнување на посебен идентитет на јужна Србија како Македонија и барајќи нејзина автономија или анектирање кон Бугарија. Расправата цело време е примарно со Србите и српската династија – не помеѓу Бугарија и Југославија – бидејќи иако Србија беше апсорбирана во Југославија по последната војна, и иако (или можеби поради тоа што) е доминантен партнер во новата држава, Хрватите и Словенците никогаш не се почуствувале како дел од оваа расправа.

5. За време на целиот период помеѓу војните секогаш имало некои Словени коишто гледале нанапред – во Југославија и Бугарија – коишто виделе федерална унија помеѓу Југославија и Бугарија и Македонија како решение на македонскиот проблем. Но практичните забелешки беа премногу големи за идејата да оствари вистински напредок. Прво имаше ривалитет помеѓу двете национални династии за тоа која да отстапи на другата. Понатаму, Србите беа доволно итри да видат дека во таква унија повеќе нема да бидат доминантна сила како што се во Југославија, туку ќе бидат доминирани од комбинација на Хрвати и Словенци од едната страна и Бугари и Македонци од другата. Грција и Турција исто беа спротивставени на идејата бидејќи исправно предвидеа дека словенска држава којашто се простира на Балканот од Јадранското Море до Црното Море би била директно закана кон нивните територии.

6. Грешка е да се претпостави дека доколку се елиминираат српските и бугарските разлики или доколку има конечна и вистинска унија помеѓу Југославија и Бугарија, дека балканскиот проблем би бил смирен и дека мир и стабилност би владееле во југоисточна Европа. Како што сир Невил Хендерсон наведе во 1934 година во времето на завршувањето на балканскиот пакт, ова е базична грешка. “Мирот завршува таму кадешто српската – или поточно југословенско – бугарската унија започнува… Со моменталниот распоред на балканските држави, балансот на  силата е прилично рамномерно распореден. Но ова веднаш ќе се наруши доколку Бугарија се обедини со Југославија. “ Федерална унија помеѓу различните делови на Југославија од една страна и Бугарија на другата ќе значи не толку крај туку трансформација на македонското прашање во нешто многу поопасно, т.е., комбинирана југословенско-бугарска експанзија јужно за поврат на македонска и бугарска иредента. Бугарските барања за поврат на Западна Тракија, за чиешто запирање Грција до сега ја имаше поддршката на Југославија, од сега би биле словенски барања коишто би биле доставени со целата додатна сила којашто би ја имала унијата помеѓу двете земји. Србија, подоцна Југославија, порано го посакуваше пристаништето Солун коешто ја контролира најбогатата грчка провинција и е витално за грчката економија, додека Бугарија отсекогаш гледала на Солун како можен главен град на голема Македонија. Со унијата помеѓу Бугарија и Југославија, Грција може да биде соочена со додатен притисок за ова витално пристаниште којшто би бил доставен како општ словенски интерес или како задоволување на природните аспирации на автономна Македонија, новоформирана како една од федералните партнери во југословенско-бугарската унија.

7. Поради овие причини, не и беше дозволено на идејата за југословенско-бугарска унија да влезе во доменот на практичната политика. Но, во новонастанатите околности, пречките коишто ја попречуваа пред војната се значително намалени и се чини дека, доколку се обнови, таа лесно може да прерасне во политичка реалност. На пример, личното ривалство и недоверба помеѓу двете династии, кооишто во предвоените години ефективно ја попречуваа југословенско-бугарската соработка, повеќе не се фактор од било какво значење. Југословенскиот крал е во егзил додека бугарскиот крал е дете, и веројатноста било кој од нив да владее таму кадешто владееле нивните татковци е мала. Второ, Тито и партизанското движење следат многу внимателно испланирана и намерна политика на намалување на српското влијание во Југославија. Тито ги има стиснато Србите во границите на Стара Србија и според одлуките од минатиот ноември  ја има поделено Југославија во автономни единици. Една од нив е отцепена од Србија за да се создаде “Македонија”. Во врска со ова значајно е да се истакне дека најновите извештаи кажуваат за таен договор со којшто Пирин, бугарската провинција на Македонија, би се обединил со бугарска согласност со југословенска Македонија. Не може да се претпостави дека Бугарија би се откажала од оваа територија, освен во надеж дека тоа е вовед во нејзино влегување во југословенско-бугарска федерација, во којашто Македонија би била една од државите коишто би ја сочинувале истата. Трето, Грција во овој критичен момент е држава во хаос и не е во позиција да ги наметне своите погледи или да ги брани своите интереси. Турција, исто така, како неутрална, не е во никаква силна позиција да интервенира.

8. Културно и расно таквата федерација би имала природни афинитети кон Советскиот Сојуз и политичките односи помеѓу двете би биле несомнено исклучително блиски. Додатно, Советскиот Сојуз би можел и да ги спонзорира словенските експанзионистички аспирации. Советските стратешки интереси би биле одлично послужени доколку словенската федерација има пристаниште на Егејот, како Солун. Знаеме дека Советскиот Сојуз бара ревизија на конвенцијата за Босфорот за да и се одземе дискреционото право на Турција за отварање и затворање на Дарданелите. Губитокот на Адрианопол од страна на Турција би ја направиле турска Тракија и европската страна на Босфорот неодбранлива. Турција би била елиминирана како европска и балканска сила и каков и да е режим на Дарданелите  што би го добила сила пријателска кон Советскиот Сојуз би бил рамен на физичка контрола. (Може да се спомене овде дека во 1940 година советската влада и ја понуди на бугарската влада Енос-Мидија линијата во замена на бугарскиот потпис на пактот за взаемна помош.)

9. Ако е таква сликата на моменталната ситуација и точното предвидување на можниот развој на настани, како се британските интереси засегнати и како најдобро може да се зачуваат?

10. Во минатото се надевавме дека решение на овие и други балкански проблеми може да се најде во унија на сите балкански држави – сојузнички и непријателски држави – и можеби вклучувајќи ја Турција, како една федерална држава. Како прв чекор во оваа насока го охрабрувавме договорот во 1941 година помеѓу грчката и југословенската влада во егзил, којшто беше основа за една таква балканска федерација. Беше дозволено идејата да пропадне поради сомничавоста на советската влада кон грчко-југословенскиот договор. Тие мислеа дека намерата беше да се развие во брана против руското влијание и влез на Балканот. Во овие околности и со руски армии во окупација на Романија, Бугарија и голем дел од Југославија, бескорисно е сега да се обновува грчко-југословенскиот договор или идејата за целосна балканска федерација. Но тоа не е причина зошто да не кажеме јасно дека одбиваме да прифатиме југословенско-бугарска унија како било каква алтернатива. Секако, бидејќи ќе мораме порано или покасно да ставиме вето на таквата комбинација поради нашите интереси, ќе биде најдобро да ги истакнеме нашите ставови пред да се кристализираат политиките на советската влада и југословенската и бугарската влада. Само на тој начин можеме да се надеваме на избегнување на идни обвинувања и конфликти.

11. Конкретниот начин како тоа да се изведе треба добро да се обмисли, но јасно е дека каков и да е потег треба да се превземе во најскоро можно време. Општо земено позицијата што би ја завземале би била дека (а) иако срдечно би прифатиле федерација помеѓу сите балкански држави, сојузнички и непријателски со можно вклучување и на Турција, не можеме да се согласиме со унија или федерација помеѓу Југославија и Бугарија бидејќи би ја нарушила рамнотежата на силата помеѓу балканските држави, бидејќи би ја изолирала Грција и би ја загрозила нејзината позиција како балканска држава, и бидејќи би и овозможило на Бугарија, којашто во двете светски војни и се придружи на Германија против нејзините балкански соседи и против западните демократски сили, да побегне преку овој процес од последиците од нејзините дела со спојување на нејзиниот идентитет кон тој на една од Обединетите Нации; и (б) иако сме спремни неволно да го прифатиме создавањето на македонската држава во идната федерална Југославија, мораме да инсистираме оваа држава да не анектира или побарува било какви територии коишто припаѓаат на Бугарија или Грција, врз основ на тоа што тие територии се “македонски”.

30 ноември, 1944                                                                О. Г. Саргент