Во Германија забележана првата жртва на коронавирусот меѓу децата, известуваат германските агенции.
Окружните власти на Стромарна, во провинцијата Шлезвиг-Холштајн, објавија дека четиригодишно дете починало од коронавирусот.
Детето починало во болница, а дополнителни детали не се соопштени.
Надлежните велат дека причините за смртта дополнително ќе се испитуваат.
Во Германија, како и во другите делови на Европа, според последните статистики, во последно време има се повеќе деца заразени со Ковид-19.