Тие што решаваат за тоа дали училиштата во САД да бидат отворени оваа есен, а тежнеат за одлука со која децата ќе се вратат во училиштата, се соочуваат со застрашувачка реалност: КОВИД-19 драстично се рашири меѓу американските деца ова лето. На 9 јули, имаше приближно 200,000 потврдени случаи меѓу децата во САД; до 6 август, тој број се зголеми за скоро 180,000, што претставува приближно 90 отсто зголемување за нешто повеќе од четири недели, според новиот извештај. Тоа значи дека се зголеми од 319 на 100.000 американски деца на 501 случаи на 100.000, за само четири недели.

Во извештајот, од Американската академија за педијатрија и Здружението на детски болници, стои дека бројот на потврдено позитивни деца изнесува повеќе од 380,000 случаи заклучно со 6 август.

Неодамна, се појавија докази дека COVID-19 не предизвикува сериозни симптоми кај децата како што е тоа случај кај возрасните, што даде ново оправдување за заедниците и пратениците да вршат притисок да се отворат училиштата за часови. Како и да е, овие нови податоци, пласирани од Американската академија за педијатрија и Здружението на детските болници, се предупредувачки знак дека повторното отворање на училиштата без соодветни мерки за социјално растојание, може да го забрза ширењето на КОВИД-19. Ова особено се однесува на средните училишта, затоа што се смета дека постарите деца со КОВИД-19 го шират вирусот по стапки слични на возрасните.

На друга страна се мислењата дека тешките облици на КОВИД-19 кај деца се ретки па и тоа с екористи во прилог на тврдењата дека училиштата треба да с еотворат. Но, тоа не значи дека тешките последици од КОВИД 19 кај децата ги нема. Децата сочинувале 0,5% до 5,3% од сите хоспитализации во 20 држави (плус градот Њујорк) кои пријавиле бројки, а 0,3% до 8,9% од сите деца кои се разболеле биле хоспитализирани. Од 6 август, 90 деца умреле од оваа болест, во 44 држави и Њујорк.

Севкупно, во новиот извештај се утврдува дека децата сочинуваат се поголем процент на случаи на КОВИД-19. На 16 април, децата сочинуваа само 2% од вкупните случаи на КОВИД-19 (во 46 држави, плус Њујорк и Вашингтон); до 6 август, тие сочинуваа околу 9,1% од случаите на национално ниво (во 49 држави, плус Њујорк, Вашингтон, Порторико и Гуам).

Целиот текст објавен во Тајм можете да го прочитате на овој линк