Британскиот премиер Борис Џонсон планира да им даде поголеми овластувања на безбедносните служби за да се спречи надворешното мешање во Велика Британија, објави „Тајмс“.
Владата се подготвува да воведе нови закони поврзани со контрашпионажа, пишува весникот, додавајќи дека со нив може да се воведе „регистар на странски агенти“, воспоставен по примерот на САД и Австралија.
Секој што нема да се согласи со тоа, може да биде уапсен или депортиран, се вели во извештајот.
Написот во „Тајмс“е во исто време со парламентарниот извештај, објавен вчера дека британската Влада не успеала да утврди дали Русија се меша во референдумот во 2016 година за членството на Велика Британија во Европската унија.
Долгоочекуваниот извештај на парламентарната комисија за безбедност и разузнавање откри дека Русија се обидела да влијае на референдумот во 2014 година на кој гласачите во Шкотска одбиле независност.
Русија се мешаше во шкотскиот референдум за независност во 2014 година, а британската влада не бараше потемелна истрага за можното влијание на Кремљ врз гласањето за брегзит, се вели во извештајот на британскиот парламентарен комитет објавен вчера. Извештајот беше комплетиран во март 2019 година, но сега е објавен.
Во извештајот се додава дека има и индикации од отворени извори дека Русија се обидела да влијае на кампањата за брегзит, но дека британската Влада не барала посилни докази за руско мешање.