Десетина македонски новинари може да завршат в затвор за откривање на детали од договорот со Бехтел и Енка, за кој првиот вицепремиер Артан Груби тврди дека се тајна.
Доколку е вистина тоа што го говори Груби, јавното обвинителство по службена должност треба да покрене истрага и да гони новинари кои деновиве објавиле информации од договорот за кој вицепремиерот вели дека е државна тајна.
Груби денеска рече дека договорот со Бехтел Енка не смее да биде објавен затоа што е државна тајна со што државниот обвинител Љубомир Јовески мора да гони повеќе новинари кои оваа тајна ја објавиле.
Според законот во зависност од видот на тајната новинарите, како што пренесе Експрес, може да добијат и до 10 години затвор за информации од договорот кои ги објавиле, а кои ги крие Владата, чиј прв вицепремиер е Груби.