Отпорот на ВМРО-ДПМНЕ не ја дозволи изградбата на бетонската џунгла на Дака во Тетово. На местото на ШИК Јелак во Тетово, Заев и Ахмети му договорија на прорускиот бизнисмен Дака да гради 2.000 станбени единици, деловни простории и трговски центри, чија вредност надминуваше над 200 милиони евра, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што ја пренесуваме интегрално.
Фирмата „Јелак Градба’’ го купува просторот на поранешниот гигант ШИК Јелак, која е во сопственост на прорускиот бизнисмен Дака.
СДС и ДУИ, овој имот којшто е државен, го ставиле на продажба за Дака по дури четири пати пониска цена.
На пример, објект од 198 квадрати на Фондот за здравствено осигурување бил процент на 122 илјади евра, а бил продаден за 34 илјади евра.
За друг објект на фондот од 2359 квадрати, проценет на речиси милион и пол евра, продаден за 400 илјади.
Министерството за финансии имало објект од 5021 квадрат. Иако проценет на над 3 милион евра, Дака станал сопственик за околу 730 илјади евра.
Агенцијата за вработување за објект од 165 квадрати наплатила околу 24 илјади евра, иако вредел 100 илјади.
За да не дојде до бетонска џунгла во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше овој криминален проект на Дака, одобрен од страна на СДС и ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело во интерес на граѓаните. СДС и ДУИ работат во интерес на бизнисите, тендерите и процентите. Затоа се во длабока опозиција.




