Иста судијка ќе им суди на двајцата секретари на Владата на бившиот премиер Зоран Заев кои се обвинети за криминал поврзан со тендери.
АКМИС системот за судијка на двата предмети, на Мухамед Зекири и на Драги Рашковски, ја одредил Фанка Јанчулева – Михаиловска.
Зекири ќе одговара за склучување на договори без тендер за физибилити студии за приватизирање на Македонска Пошта и Македонски Железници, откако Кривичниот суд го прифати обвинителниот акт да му се суди за злоупотреба на службената положба.
Тој е обвинет дека го оштетил државниот буџет за околу 1,4 милион евра.
Истата судјка Јанчулева – Михаиловска ќе суди и за случајот за спорниот софтвер за МВР за кој се товари екс генералниот секретар на Владата – Драги Рашковски, со обвинение дека го оштетил буџетот на државата за околу 80.000 евра.