Агенцијата за електронски комуникации со 200.000 евра ќе набавува седум службени автомобили, објави порталот СДК.
Станува збор за набавка на едно возило од 44.000 и шест од по 25.000 евра.
Според спецификациите на огласот за поскапиот автомобил, од опрема мора да поседува камера со приказ од 360 степени, ЛЦД екран од најмалку 10 инчи, загревање на предни и задни седишта и на волан, безжичен полнач за телефон од најмалку 15 вати, како и затемнети задни стакла со УВ заштита. Бојата треба да биде црна металик.
За поевтините автомобили се бара да бидат на хибриден погон, а спецификациите во опремата се нешто поскромни. За нив доволни се и 8-инчни ЛЦД екрани, а греењето на седиштата не е задолжително.
Огласот е објавен на 13 декември, а рокот за доставување понуди истекува на 17 јануари.