Дел од британски војници кои се дојдени во Македонија за воената вежба на НАТО на полигонот Криволак, деновиве предизвикаа серија инциденти, но нема да одговараат во нашава земја, бидејќи таов е договорот со Алијансата потпишан при стапувањето на Македонија во НАТО.

Како што објавија повеќе медиуми, британски војници деновиве предизвика неколку инциденти, по што завршија во полициска станица.

Од Министерството за одбрана велат дека поведувањето постапки и евентуално санкционирање на странските војници е во надлежност на државите и институциите на земјите од каде што доаѓаат војниците.

– Сите војници кои доаѓаат од сојузничките земји на обуки и вежби во С. Македонија потпаѓаат под НАТО СОФА – договорот (Договор за статус на сили), кој важи за сите земји – членки на Алијансата. Домашните институции кои имаат обврска да го одржуваат јавниот ред и мир и во случај на негово нарушување можат да интервенираат и да спречат ескалација, но нивната надлежност е ограничена. Поведувањето постапка и евентуалното санкционирање е во надлежност на државите и институциите на земјите од каде што доаѓаат војниците”, се вели во одговорот од МО за поратлот МКД.

Според одговорот од МО, за нив МВР не може да поднесе пријава, бидејќи како што велат, нивната надлежност е ограничена, иако во изминатиот период имаше грабеж на автомобил, демолирање во ресторан и напад на службено лице.

Британскиот контигент е дел од мултинационалната вежбата „Брз одговор 2022″. Во воената вежба на Криволак учествуваат 4.600 припадници од вооружените сили на осум земји членки на НАТО.