Талат Џафери штотуку е избран за претседател на Собранието со 62 гласови ЗА и 43 ПРОТИВ.
Во изминатите 24 часа, ДУИ очигледно ја „средиле“ работата со Изет Меџити и со внукот на Насер Зибери, па Џафери ги доби сите 62 гласови од коалицијата.
Во моментов Џафери ја дава својата изјава како претседател. Тој им се заблагодари и на тие што гласале за него и на опозицијата за, како што рече „консруктивната дебата“. Ова е втор мандат на Џафери како претседетел на Собранието, но прв легален избор бидејќи минатиот пат беше избран на диво.