Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го честита празникот Успение на Пресвета Богородица:
„Почитувани верници од православна исповест, дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците на Собранието на Република Македонија, да ви го честитам големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица. Празниците се денови во кои верниците меѓутоа и сите луѓе со чисто срце и јасна мисла искажуваат почит, добрина, чесност и љубов кон блиските, кон далечните, кон пријателите и непознатите. Нека секој ден биде таков ден, ден во кој ќе владее човечката добрина, искреност, чесност и разум. Заедно да се потрудиме да бидеме подобри луѓе, повредни граѓани за нашето општество, за нашата земја. Ви посакувам празникот да го поминете во мир, спокој и убави мигови покрај вашите најблиски“, пишува во честитката.