Сите странски трупи што ќе останат во Авганистан по повлекувањето на НАТО во септември ќе се сметаат за окупатори, соопштија денеска талибанците.
Портпаролот на талибанците Сухаил Сахин изјави дека нивната политиката не е преземање на Кабул со воена сила, но дека сите странски трупи, вклучително и странци кои работат за владината армија, не треба да останат во главниот град на Авганистан по завршувањето на повлекувањето.
– Доколку не ги повлечат сите сили, што е спротивно на Договорот во Доха, нашето раководство ќе одлучи како да реагираме, истакна Сахин, по најавите дека 1.000 американски војници можат да останат за да ги заштитат дипломатските мисии и меѓународниот аеродром во Кабул.
Во исто време, насилството во државата продолжува да ескалира, а талибанците заземаат се повеќе територија. Талибанците контролираат речиси една третина од 421 округ и во Авганистан.