Предупредуваме дека не треба да има американска интервенција во Авганистан, изјави портпарол на Талибанците за телевизијата Ал Џазира, истакнувајќи дека „во Авганистан нема договор за прекин на огнот“.

Во саботата, американски бомбардери Б-52 Стратофортрес започнаа воздушни напади против талибанските сили во главниот град на провинцијата Џаузџин, Шиберхан. Според портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана Фавад Аман, за време на нападот се убиени повеќе од 200 талибански борци и елиминирани над 100 возила, а уништено е и голем број оружје и муниција. Талибанските бунтовници денеска соопштија дека провинциите Нимроз и Џаузџин се под нивна контрола.

Портпаролот на талибанското движење напиша на Твитер дека Шиберхан, каде што се воделе борби со владините сили, е веќе под контрола на Талибанците.